Митревски: Економијата и здравството се фокусот на Буџетот за 2021 година

од Берта Китинска
364 прегледи

Буџетот за 2021 година се обезбедува одржливост и можност за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата

Предлог Буџетот кој денеска влегува во собраниска процедура е континуитет на одговорните, домаќински политики на Владата предводена од СДСМ.Со него е предвидена уште посилна поддршка на здравствениот систем и уште поголема помош за домашната македонска економија, истакна денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Вели дека вкупните приходи на Буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот Ребаланс 2020 година.

-Расходите се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари што е за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс на Буџетот за 2020 година. Во однос на распределбата на Буџетот по функционални области за Економски работи планирани се 70,2 милијарди денари, за социјална заштита 90,28 милијарди, а за здравство 40,8 милијарди. Со вака структурираниот буџет Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година, рече Митревски.

Според него, предлог-буџетот за 2021 има три кучни цели.

-Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани; Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата И трето, да се одржат и унапредат основните функции на државата и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи, вели тој.

Митревски рече дека со Буџетот за 2021 година се обезбедува одржливост и можност за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата.

-Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата овде во Собранието, да дадат поддршка и Буџетот за 2021 година да биде усвоен. Тоа е важно за здравството, важно е за економијата, важно е за сите наши граѓани, рече координаторот на пратеничката група.

Слични содржини