Грчев: Чудно е како Европа не ја гледа уникатната регресивност и примитивност на бугарските ставови

од Nikola Popovski
232 прегледи

„Употребувам метафори кои што се силни, некогаш може да бидат сфатени како навредливи, меѓутоа се сликовити. Таму омраза нема“, изјави професорот на Архитектонски факултет, Мирослав Грчев за емисијата „Само вистина“.

Според него, во неговите колумни не може да се види омраза и кога се најостри, затоа што тој не чувствува омраза.

„Бугарските ставови се ништење, не се ни навредливи. Чудно е како Европа и Бугарија како членка на ЕУ не ја види уникатната регресивност и примитивност на овие ставови. Вмровското во бугарските ставови не е само затоа што гласноговорник на нив е бугарското ВМРО на Каракачанов, туку затоа што се вмровски ставови кога е формирано ВМРО“, истакна Грчев.

Слични содржини