Д-р Смугреска: Тешко е во еден ден да се јавите на 60 луѓе за да ви кажат какви симптоми имаат

од Берта Китинска
331 прегледи

Грижата за возрасните заразени лица е исклучително тешка, бидејќи еден доктор да се јави на 60 луѓе за да се информира како се чувствуваат тие и какви симптоми имаат е премногу тешко и губење на време и енергија, вели  доктор Светлана Смугреска, педијатар од Драчево, во гостувањето на Топ Тема.

Истовремено и грижата и терапијата која се припишува на пациентите понекогаш оди по автоматизам и знае да има контра-ефект , бидејќи на пример премногу едноставно се припишуваат големи дози Витамин Д , што од друга страна може да направи други проблеми, како проблеми со бубрезите.

Смугреска, изјави дека процесот на тестирање на случаите сомнителни на Ковид -19 е исклучително тежок, бидејќи голем дел од граѓаните едноставно немаат средства за да се тестираат во приватните лаборатории, каде тестовите се прилично скапи.

Слични содржини