Диего Армандо Марадона стана легенда засекогаш на 25 ноември 2020 година и почина истиот ден со неговиот голем пријател.
Славниот Ел Пибе дури го имал истетовирано неговиот лик – Фидел Кастро. Тој никогаш не го криеше колку му се восхитува на деценискиот водач на Куба.
И тие имаа посебна врска.
Diego Maradona passing away on the anniversary of Fidel Castro's death. Rest in Peace comrades. You're together again now. pic.twitter.com/oL844d31yW
— Socialism with Welsh characteristics. (@WelshSocialism) November 25, 2020
Постои дури и фотографија од Марадона која му ја покажува таа тетоважа. Нивното пријателство особено се разви помеѓу 2000 и 2004 година, кога Диего се лекуваше во Куба поради зависност од кокаин.
„Јас не сум комунист, туку Фиделист, сè до мојата смрт“, знаеше да каже Марадона.
Славниот кубански лидер почина во 2016 година, исто така на 25 ноември, три и пол месеци откако наполни 90 години.
Симболично, Марадона го напушти овој свет помалку од еден месец по неговиот 60-ти роденден.