Кинески експерти тврдат дека Ковид-19 не потекнува од Вухан

од Nikola Popovski
156 прегледи

Кинескиот државен весник „People’s Daily“ тврди, повикувајќи се на изјави на кинески експерти, дека вирусот САРС-КоВ-2 не потекнува од Вухан, град во провинцијата Хубеи каде бил откриен за првпат.

Сите достапни докази сугерираат дека вирусот, кој досега заразил повеќе од 59 милиони во 190 земји, не потекнува од Вухан, тврдат кинески експерти, цитирани од „People’s Daily“.

„Вирусот најпрво беше откриен во Вухан, но не потекнува од таму“, изјавил Зенг Гуанг, поранешен главен епидемиолог во кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) на онлајн академска конференција на 19-ти ноември, пишува весникот.

Ву Зунјоу, епидемиолог на кинескиот Центар неодамна ја изнесе истата оценка, тврдејќи дека патогенот стигнал во Кина преку замрзнати морски плодови или месо односно нивното пакување, објави Саут Чајна морнинг пост.

Според италијанска студија која беше објавена претходно, антителата специфични за САРС-Ков-2, биле најдени во примероци на крв земани од септември 2019 до март 2020, наведува „People’s Daily“.

Во одговорот на неочекуваната епидемија Кина ги забрани јавните собири, ги затвори салите за забавни настани и воведе строг карантин во Вухан и други градови во провинцијата Хубеи. Граѓаните беа советувани од државата да ги почитуваат мерките на претпазливост за време на лунарната Нова година.

„Карантинот беше мерка насочена кон иднината бидејќи беше базиран на проценката дека ситуацијата во Вухан е многу полоша отколку што изгледаше во тоа време“, кажа Џин Донг Јан, виролог на универзитетот во Хонг Конг, пренесува кинескиот весник.

Пиплс дејли наведува дека САД не го следат кинескиот пример пред американскиот празник Ден на благодарноста. Американскиот Центар за контрола на заразните болести им советуваше на Американците да не патуваат за да се дружат со своите семејства и пријатели, но милиони Американци и покрај тоа планираат да патуваат и да одржат големи семејни собири, наведува „People’s Daily“.

Слични содржини