Коронавирусот достигнува нови пикови во земјава

од Берта Китинска
274 прегледи

Вчера беа регистрирани нови 1288 ковид-случаи од вкупно 3349 тестови. Повторно беше забележан висок број на починати.Од 39  починати лица од ковид, 16 се од Скопје.

Прилеп бара карантин

Мора да има карантин во Прилеп за да се стави под контрола ситуацијата со ковид-19, изјави, во гостување на 24 Вести, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Тој посочува дека Прилеп е втор град според бројот на заболени по Скопје.

Јованоски пред неколку дена им се приклучи на колегите лекари во ковид-центарот во болницата во Прилеп.

Пановски со апел до МЗ

Микробиологот, д-р. Никола Пановски преку својот профил на Фејсбук апелира до надлежните, пред се до Министерството за здравство дека во третманот на болните од ковид се даваат премногу антибиотици. Порачува да се преведат протоколите за Ковид-19, а како одлични ги споменува хрватските.

Носењето маска е најдобрата заштита, вели министерката за одбрана

Нема да ја гледаме војската и полицијата по улиците, армијата ќе биде на оние места каде ќе треба да се асистира, тие ќе бидат помош за да се воведе ред во клиниките, вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во Студио 10 на ТВ24.

-Најавите од септември дека ковид кризата ќе достигнува нови пикови, беше очекувана. Бројките на заразени, растат и притоскот се зголемува оваа ситуација.Според последните истражување, носењето маска е најдобрата заштита, подобра дури и од вакцината. Се зголеми бројот на тестирања. Подобро е да ги најдете заразените, а бројките на починати се загрижувачки“ вели Шекеринска.

Вкупната бројка на ковид-случаи во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57 451, бројката на оздравени пациенти е 34 970, на починати е 1 600, а бројот на активни случаи изнесува 20 881.

 

 

Слични содржини