284
Доктор од Мисури објави видео во кое симулира како изгледаат последните сцени што ги виделе пациенти кои умирале од коронавирус.
Тој го објави видеото во обид да ги охрабри луѓето да носат маски.
Д-р Кенет Реми за Би-Би-Си изјави дека носењето маска не е толку непријатно за разлика од тоа ако ви „стават парче пластика во дишните патишта“.
„Вака изгледа кога дишете 40 пати во минута, кога нивото на кислород е значително под 80“, го предупреди тој докторот на видеото објавено на Твитер.
Please listen as this is dire. I don’t want to be the last person that looks in your frightened eyes. #MaskUp @DrKenRemy1 @WUSTLmed pic.twitter.com/qwb4eERlfE
— Kenneth E. Remy, MD, MHSc, FCCM (@DrKenRemy1) November 21, 2020