Шведскиот принц и принцеза заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba
197 прегледи

Шведскиот принц Карл Филип и неговата сопруга принцезата Софија се позитивни на Ковид 19, објави шведското кралско семејство.

Кнежевскиот пар се чувствува добро, тие имаат лесни симптоми и се во изолација.

Како што беше најавено, кралот Чарлс XIV Густаф, кралицата Силвија, постарата сестра на принцот и наследничка на тронот Викторија и нејзиниот сопруг принцот Даниел, исто така, ќе бидат тестирани на корона во текот на денот.

Принцот Карл Филип е четврти по ред за шведскиот трон.