Заев: Антифашистичката борба е дел и од моето семејство, дел од градот во којшто живеам

од Берта Китинска
197 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска одговараше на повеќе прашања поврзани со неговото интервју за медиум од Република Бугарија. На прашањето, дали ги видел реакциите  на социјалните мрежи премиерот Заев одговори:

-Ги видов и ги разбирам реакциите на социјалните мрежи, но лидерите треба да ја водат државата. Истите тие мои сограѓани споделуваат иста историја како и мојата. Антифашистичката борба е дел и од моето семејство, дел од градот во којшто живеам. Но тоа историско минато не треба да нѐ ограничува во трасирањето на патот на нашата европска иднина. Наша должност и како народ и како нација, а посебно моја должност, е да ги правам чекорите и да градам пријателство низ призмата на европската иднина. Дури 85% од граѓаните се за интеграција во ЕУ и ако не гледаме низ призмата на простувањето, низ призмата на пријателството, низ призмата на подавањето рака, треба да знаеме дека тоа не е начин за исполнување на целта на патот по којшто тргнавме, одговори Заев.