Партнерката на Џулијан Асанж го моли Трамп да го помилува

од Stefanija Kuzmanovska
327 прегледи

Партнерката на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, упати апел во порака на Твитер испратена денес, на Денот на благодарноста, до американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува.

Асанж беше обвинет од американските обвинители за 17 точки за шпионажа и за една злоупотреба на компјутери во врска со објавување на тајни американски воени документи преку „Викиликс“ пред десет години. За тие обвиненија може да добие вкупно 175 години затвор.

Заедно со пораката на Твитер, Стела Морис објави слика на нивните две мали деца и напиша. „Ова се синовите на Џулијан, Макс и Габриел. Потребен им е татко. Нашето семејство треба повторно да биде цело. Ве молам, донесете го дома пред Божиќ“.

49-годишниот Асанж се наоѓа во британски затвор со висока безбедност, во очекување на одлуката на судијата за тоа дали може да биде екстрадиран во Америка за да одговара за обвиненијата за шпионажа таму.

Морис рече дека бил изолиран во својата ќелија повеќе од една недела поради избувнувањето на жариштето на коронавирус во неговиот затворски блок.

Асанж присуствуваше на рочиштето за екстрадиција во Централниот кривичен суд во Лондон во септември и октомври пред четири недели. Судијката во тој случај рече дека одлуката ќе ја објави на 4 јануари.

Слични содржини