Претставникот на азербејџанскиот Карабах, Нурлан Ибрахимов, денес беше суспендиран од доживотно од фудбалот поради расистичко однесување.
Ибрахимов ги навредуваше Ерменците на социјалните мрежи за време на воениот конфликт меѓу двете земји околу територијата на Нагорно Карабах.
Европската фудбалска централа (УЕФА) не објави детали, и побара од ФИФА да ја прошири суспензијата на целиот свет.
Неговите коментари не се поврзани со фудбалот.
Ибрахимов, кој е портпарол на Карабах, напиша коментар „повикувајќи на убиство на сите Ерменци, стари и млади, без разлика“, што го пренесе Фудбалскиот сојуз на Ерменија.
Претходно, повеќе од 20 фудбалери и официјални лица од Карабах добија предупредување за воен поздрав на натпревар од Лигата на Европа, одигран во Полска.
Фудбалскиот сојуз на Ерменија ја повика УЕФА да го исфрли Карабах од европските натпреварувања.
Карабах е казнет со 100 илјади евра.