УЕФА одлучи: Европското ќе се игра во 12 земји

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Претстојното Европско првенство во фудбал, кое ќе се игра летото 2021 година, ќе се организира во 12 земји, како што првично објави УЕФА, потврдено е од Нион.

Во меѓувреме, поради влошувањето на епидемиолошката состојба, темата беше покрената натпреварите да се играат само во една земја.

Нешто повеќе од половина година по почетокот на турнирот, оваа одлука падна во вода, што може да се толкува како исклучително храбар потег на Европската куќа на фудбалот.

Актуелен бранител на трофејот е репрезентацијата на Португалија, која славеше во 2016 година против домашната селекција на Франција.

Слични содржини