За десетина дена треба да се одржи Советот на министрите на ЕУ, на кој на дневен ред повторно ќе биде прашањето за можност за официјален почеток на преговорите со Европската унија, откако Бугарија на состанокот на 17 ноември стави вето и остана на своите барања за воведување на неколку услови во преговарачката рамка.Наспроти неофицијалните информации дека деновиве премиерот Заев треба да има средба со бугарскиот колега Борисов, тој за ТВ21 го демантира ова.
Премиерот Зоран Заев денеска изјави за ТВ 21 дека нема закажано средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.
-Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара, вели премиерот.