Велика Британија следната недела ќе издаде дозвола за вакцината „Фајзер“

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Велика Британија се очекува да издаде дозвола за вакцината ковид-19 развиена од „Фајзер“ и „БајонТек“ следната недела, а испораката треба да започне неколку часа по одобрувањето, објави Ројтерс, повикувајќи се на Фајненшл тајмс .

Имунизацијата со вакцината развиена од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“ треба да започне на 7 декември, изјави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неименуван извор.

Денес, британскиот премиер Борис Џонсон го назначи Надим Захави, моментално секретар за бизнис, за министер задолжен за дистрибуција на вакцини против Ковид-19.

На 20 ноември британските власти официјално побараа од Националната регулаторна агенција за лекови и медицински помагала да ја проценат ефикасноста на вакцината развиена од „Фајзер“ и „БајоНТек“, а во петокот вакцината „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд.

Британија нарача 40 милиони дози на вакцина од компаниите „Фајзер“ и „БиоНТек“, како и 100 милиони дози развиени од компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд.