Пред неколку години ме повикаа да настапам во една болница, имаа јубилеј или нешто така и имав „стенд-ап“ настап пред докторите, сестрите, анестезиолозите, уролозите, хирурзите и целиот медицински персонал. Мило ми е од денешен аспект дека тогаш сум успеал бар неколку пати да ги насмеам. Денес тие се борат за нас, изјави во интервју за „Стандард“ актерот Атанас Атанасовски.
Македонската публика, вели Атанас, е желна да се насмее.
-Ако те сака, те сака ако те мрази, те мрази. Бар знаеш на што си.Во ова денешно време да најдеш некој да те насмее е повеќе од доволно за да се преживее“, наведе актерот.
За тоа како му влијае корона-кризата, вели дека целата негативна енергија пробал да ја пренасочи кон креативност.
-Почнав да пишувам сценарио за анимирана серија, ни откри актерот.
Целото интервју на следниот линк!