Медицински лица кои работеле исклучиво за војската ќе бидат отстапени на капацитетите на јавното здравство

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Министерството за одбрана чека насоки од Кризниот штаб и од Министерството за здравство за поставување на припадници на АРМ пред болницата во Штип, кај дел од болниците почна од петокот, а за останатите болници согласно гужвите и притисокот очекува да стратува во текот на наредната недела, соопшти денеска од Штип, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Посочи дека како армија ги имаат капацитетите, луѓето и искуството.

-Ние сме подготвени во секој момент за помалку од 24 часа да се поставиме на бараните локации. Во понеделник веќе одреден број на доктори и медицински сестри, коишто работеле исклучиво во полза на војската сега целосно ќе бидат отстапени на кацитетите на јавното здравство и ќе бидат распоредени во различни клиники. Веќе обезбедивме санитетски возила, коишто се на располагање на Министерството за здравство и на здравствените установи, рече Шекеринска.

Таа додаде дека во петокот голема количина на брзи тестови, кои како армија ги имаат добиено по пат на донација од Министерството за одбрана на Кралството Норвешка се дадени на јавните здравствени установи.

-Ангажманот на Армијата и поддршката на нашите созјузници покажа колку е важно, кога е мака да не си сам и колку ни беше важно членството во НАТО, вели Шекеринска.

Слични содржини