„Во име на државните и национални интереси на нашиот народ, јавно го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори: Со кои структури во Република Бугарија интензивно соработува во овој период?“, прашува Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.
Вчера, во обраќањето пред неговите малубројни поддржувачи, на она срамно дефиле пред Владата, Христијан Мицкоски рече дека има, цитирам, „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија“.
Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација? Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници? Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции? Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија“, додава Костадинов.