Костадинов: Хистеријата што ја шири Мицкоски е на штета на државата и народот

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Договор што веќе е потпишан постои. Нема потреба и нема да се случи ниту нов Договор, ниту Анекс. За идентитетот наш македонски, за јазикот наш македонски, ниту се разговарало или преговарало, ниту се разговара или преговара, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.

„Хистеријата што ја шири самопрогласениот хистеричен политичар Христијан Мицкоски е исклучиво во функција на штета на сопствената држава и сопствениот народ во еден период којшто е многу важен за нашата заедничка иднина“, навел Костадинов.

Во однос на најавеното гласање за доверба на Владата од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Костадинов нагласи дека благодарение на успесите на оваа Влада и на Зоран Заев во изминатиот период народот одлучил да ја даде довербата на СДСМ и коалицијата.

Слични содржини