Бајден завршил во болница поради незгода, се огласи и Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден се здобил со мали фрактури на стапалото откако се лизнал додека си играл со едно од неговите кучиња и најверојатно ќе мора да носи заштитна обувка неколку недели, објави неговиот личен лекар во неделата.

Незгодата се случила во саботата, се вели во соопштението од кабинетот на Бајден, а 78-годишниот избран претседател на САД од редовите на Демократската партија извршил рентген и КТ скен како „мерка на претпазливост“ на ортопедот во неделата.

Лекарите првично сметале дека поранешниот потпретседател на САД само го изместил глуждот, но наредиле дополнително снимање на повредата.

„Контролната КТ потврди мали фрактури“, рече личниот лекар на Бајден, Кевин О’Конор во посебна изјава издадена од кабинетот на Бајден.

„Веројатно ќе му треба заштитна обувка за одење неколку недели“, додаде О’Конор.

Како најстар претседател во историјата, Бајден треба да положи заклетва на 20 јануари следната година, а сојузниците, како и ривалите, најверојатно внимателно ќе го следат неговото здравје, заклучува Ројтерс.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој не го призна изборниот пораз и ги оспорува резултатите на суд, му посака на Бајден брзо закрепнување.

„Оздрави поскоро!“, напиша Трамп на Твитер.

Слични содржини