328
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ е позитивен на коронавирус, потврди Владата на Хрватска, а пренесува ХРТ.
Денес бил повторно тестиран за присуство на коронавирус и се покажал дека е позитивен.
Претходно му беше изречена мерка самоизолација, а сега му е изречена мерка изолација во траење од 10 дена.
Како што јавува ХРТ, тој во моментов се чувствува добро, а своите активности и обврски продолжува да ги извршува од дома.