Законот за попис кој се предлага може да се донесе со просто мнозинство од 61 глас или просто кажано на сила да помине, но овој закон треба да се уреди и спроведе една операција и процес каде треба да биде застапена сеопфатноста, вели во Топ Тема, Илми Селами од ДУИ.
Тој напоменува дека се треба да се вклучат во дебатата сите чинители и политички партии и да застанати сите заеднички зад одлуката.
Ние ги молиме сите чинители и да разговараме за да ги донесеме најдобрите решенија и штом се донесат да застанеме зад нив заеднички, за овој закон што е поднесен во Државниот завод за статистика се има дебатирано три месеци, ова законско решение обезбедува попис на сите државјани, вели Селами.