Царовска: Наставниците и учениците задоволни, 90% од учениците следат онлајн настава

229 прегледи

Министерката за образование и наука денес соопшти дека повеќе од 90% од учениците ја следат наставата онлајн. Потенцира дека постојано се следи ситуацијата на дневна основа и тоа како се одвива образовниот процес, и истите состојби оцени дека се на задоволително ниво.

„Никогаш не можеме да кажеме совршено затоа што треба да бидеме реални. Со условите во коишто живееме и со капацитетите со кои располага државата, со нив менаџираме во моментов. Во октомври почнавме со 70 проценти од учениците да бидат вклучени во онлајн-наставата, за денес да имаме повеќе од 90 проценти од учениците вклучени без проблем во онлајн-наставата. Наставниците се исто така задоволни“, посочи Царовска.

Како што вели Царовска, моделот на настава што е избран во нашата земја во овој момент покажува одлични резултати.

„До вчера, само 66 ученици и само 160 наставници во наставата со физичко присуство се позитивни. Тоа во проценти е 0,05 од учениците коишто се со физичко присуство, и помалку од еден процент од наставниците. Тоа укажува дека во образовниот систем пандемијата е под контрола и бројките се ниски“, потенцира министерката за образование.

Уште еднаш потецнираше и дека распустот за учениците ќе започне од 1. јануари, додека второто полугодие ќе стартува на 21. јануари.

„Второто полугодие ќе трае до 10 јуни доколку условите и здравствената ситуација остане на ова ниво“, рече Царовска.

Слични содржини