Заев: Работењето на економските процеси е најсериозен приоритет на Владата

од Берта Китинска
247 прегледи

Денеска премиерот Зоран Заев на  Самитот „Македонија 2025“, изјави дека  дека заложбите на Владата на долг рок се во насока на креирање стабилен и предвидлив деловен амбиент, за реализација на инвестициски проекти.

-Владеењето на правото и борба против криминалот, корупцијата и митото, како и борбата со сивата економија, се едни од нашите главни определби. Сето ова ќе обезбеди сигурност на инвестициите. Работењето на економските процеси е најсериозен приоритет на Владата, давајќи сериозно значење на здравствениот аспект и на интегративните процеси со ЕУ, со цел обезбедување економска сигурност на граѓаните, изјави Заев.

Слични содржини