Утврден предлог-закон за нов Универзитетски клинички центар

од Берта Китинска
311 прегледи

На денешната владина седница е утврден предлог-закон за реализација на проектот за нов Универзитетски клинички центар.

Предлог-законот е предлог на Министерството за здравство, а со него се уредуваат постапката и условите за изградба и пуштање во употреба на комплексот градби кои треба да бидат дел од новиот Универзитетски клинички центар.

„Предлог законот опфаќа и реализација на дополнителни инфраструктурни услови за третман и сузбивање на заразни болести и инфекции заради заштита на населението од заразни болести, оптимизација на времето, трошоците или другите ресурси со цел ефикасна реализација на проектот ’Нов Универзитетски клинички центар‘ преку посебни услови и постапки за доделување на договори за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на проектот ’Нов Универзитетски клинички центар‘, како и други прашања уредени со овој предлог закон“, велат од Владата.

Со новиот Клинички од владата очекуваат да се унапреди ефикасноста и ефективноста на терцијарното здравство, а во него е предвидено да има и дополнителна инфраструктура наменета за справување со заразни болести.

 

Слични содржини