Попов: Нема тајни преговори со Бугарија, патоказот е за забрзана имплементација во ЕУ

од Берта Китинска
398 прегледи

Нема тајни преговори со Бугарија во моментов, туку континуирани преговори со министерството за надворешни работи во Бугарија.Се уште не е формиран документ за кој треба да му се утврди формата дали ќе биде меморандум или протокол кон имплементација на договорот, тука нема тајни ниту детали, патоказот е за забрзана имплементација во ЕУ, вели во Топ тема  државниот секретари во МНР Зоран Попов.

Во врска со ставот на опозицијата за ова клучно прашање Попов вели дека за жал од нивна страна нама став за ниту едно клучно прашање.

– Прво, секоја сериозна држава треба да има унифициран став на позицијата и опозицијата за клучните прашања за иднината на државата. Досега за жал од страна на опозицијата не видовме став по ниту едно клучно прашање во ова смисла, така беше со Преспанскиот Договор, така беше со Референдумот, така е и за прашањето за односите со Бугарија. Ова е преважно прашање за дневно политичка пресметка. Чудно е што критичарите на  значењето на АСНОМ, на придобивките од АСНОМ и НОБ, истите тие кои се оградуваа од Југославија како најцрн период во нашата историја, тие кои ги бришеа македонските херои од скопските улици и кој го оставија Сојузот на борците на улица, денес да ги бранат, вели Попов.

Слични содржини