Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментов нема потреба од капацитетот на приватните болници кои ќе се претворат во ковид – центри.
-Во моментов имаме помош да од Армијата, започна и поддршката од воениот медицински центар и во однос на капацитетот на приватните болници тој во моментов се опремува со кислород. Во овој момент не е потребен, но треба да биде на стенд-бај. Приватните болници се во служба на државата, а ние пред да ги ствиме во употреба ќе треба да направиме распоред за нивна употреба, вели Филипче.
Во однос на зголемениот број на давање на антибиотици Филипче вели дека онаму каде е забележано зголемување на издавање на рецепти ќе се направи увид во работата.
-Матичните лекари земаат голем дел од теретот и тие лавовски се борат како сите специјалисти со пандемијата, тие коректно и професионално се однесуваат. Таму каде беше забележано повеќе издавање на рецепти министерството ќе направи увид за да се види и врз основа на што тие се препишуваат, вели Филипче.