Колинда почна да глуми: Еве ја теленовелата во која се појави

од Stefanija Kuzmanovska
514 прегледи

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ добила понуда да биде гостинка во ТВ серијата „Дар Мар“ на Нова, која ја прифатила, а на снимањето, велат тие, поминала одлично и добро се забавувала. Епизода со нејзината „камео“ улога треба да биде прикажана во јануари.

Поради договорот, Колинда Грабар-Китаровиќ засега не смее да зборува за тој ангажман, но таа сепак откри пред Јутарњи лист како поминала на снимањето: „Убаво си поминав на снимањето, затоа се согласив на улогата“.

Инаку, серијата „Дар Мар“, која е опишана како теленовела, започна да се емитува на 5 октомври, а во серијата играат Ксенија Пајиќ, Синиша Ручиќ, Милан Штрљиќ, Јан Керекеш, Ана Бегиќ Тахири и многу други.

Иако не е познато каква улога доби Грабар-Китаровиќ, се претпоставува дека таа може да биде поврзана со ликот на девојчето Линда Гроб, многу паметна девојка, која сака да се занимава со политика, а нејзин пример е претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ. чиј постер го има на ѕидот од својата соба.

Патем, Колинда Грабар-Китаровиќ е една од главните sвезди на новата хит-серија „Театар Керемпух“, „Претседателка (претпоследна вечера)“, каде што ја олицетвори актерката Орнела Виштица.

Слични содржини