Руски медиуми: Колинда Грабар-Китаровиќ нема да биде нов шеф на НАТО, во добри односи е со Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, нема да биде нов генерален секретар на НАТО, пишува руски „РИА Новости“, наведувајќи дека таа е во добри односи со Владимир Путин.

Грабар-Китаровиќ се споменува како една од можните наследници на Јенс Столтенберг, но руските медиуми не ѝ даваат многу шанси.

„РИА Новости“ штотуку го објави текстот, а во насловот беше истакнато дека следниот генерален секретар треба да биде жена и русофоб.

Овој медиум пренесува дека таа функција најверојатно ќе ја заземе канадската вицепремиерка Кристиа Фриланд бидејќи, како што тврдат „РИА Новости“, НАТО има намера за свој генерален секретар да назначи жена која исто така е русофоб.

Во текстот се наведува дека меѓу кандидатите се Далија Грибаускаите, поранешната претседателка на Литванија, до неодамна претседателката на Естонија, Керсти Каљулаид и Грабар-Китаровиќ.

Се нагласува дека Грабар-Китаровиќ најверојатно нема да го помине првиот круг со оглед на тоа што има добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини