За 4. декември одложено рочиштет за настаните од „27. април“

275 прегледи

Одложено е рочиштето за настаните од 27. април за 4. декември.

На денешното рочиште беа изведени видео материјалите предложени од страна на одбраната на обвинетиот Спиро Ристовски.

Во дел од видео записите, се создржеа изјавите од Ванчо Петрушевски, Александар Кукулев, Васил Зафирчев, Дарко Мијалковски, Снежана Коневска Руси и други уметници за време кои на протестите организорани од движењето „За заедничка Македонија”,учествуваа и велат дека не се политичк организирани, туку оценуваат дека биле дел од процесот за одбрана на татковината.

Претходно денеска беа сослушани двајца сведоци предложени од Трајко Вељаноски, со што заврши сослушувањето на околу 40 сведоци предложени од неговата одбрана.

За потсетување,случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Сите тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Слични содржини