381
Аргентинската ТВ-емисија Secretos Verdaderos ја објави последната порака испратена од Диего Марадона.
Аргентинската емисија дојде до последната порака што Марадона ја испратил. Тоа е говорна порака на мрежата „Whattsapp“. Марадона ја испратил последната порака до момчето на неговата поранешна девојка Вероника.
Станува збор за Марио Баудри, очувот на вонбрачниот син на Диего.
-Здраво, Марио. Овде е Диего. Знам дека ова ќе ти звучи неверојатно, но јас и Веро сме во добри односи и таа ми кажа дека сте заедно. Грижи се за неа и грижи се особено за мојот син. Види, јас имам многу деца, но тој е посебен.
Диего почина на 25 ноември, на 61 година и сè уште се зборува за неговите последни денови. Има уште многу нерешени прашања.