208
Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 684 смртни случаи од коронавирус, што е намалување во споредба со претходниот ден, кога бројот на смртни случаи бил 785, објави италијанското Министерство за здравство.
Бројот на новоинфицирани во Италија во претходните 24 часа е 20.709, што е зголемување во споредба со претходниот ден кога имало 19.350, соопшти Министерството, а пренесува Ројтерс.
Од почетокот на пандемијата, во Италија се регистрирани 57.045 смртни случаи од коронавирус, а заразени биле 1.641.610 граѓани.
Во текот на претходните 24 часа се извршени 207.143 тестови, повеќе од претходниот ден кога биле тестирани 182.100 луѓе.