Вакцината Фајзер пристигнува во Велика Британија за неколку часа

од Nikola Popovski
398 прегледи

Велика Британија треба да ја добие својата прва група вакцини „Фајзер-Бионтек“  во следните неколку часа, изјавил денес заменик-главниот медицински директор на Англија.

„Очекуваме да ги примиме вакцините многу наскоро. Прашање е на часови, а не на денови“, изјавил Џонатан Ван-Там за радио-емисијата „Five Live“ на Би-Би-Си.

Министерството за здравство на Обединетото Кралство вчера објави дека следната недела ќе бидат достапни 800.000 дози на вакцина, што е доволно за вакцинирање на 400.000 лица. Прво треба да се вакцинираат постарите жители и лицата што живеат во старечките домови, а потоа секој над 80 години.

„Ако се вакцинираат само 10% од граѓаните, нема да имаме некој голем ефект“

„Пристигнуваат повеќе вакцини. Нарачавме уште седум и тие треба да почнат да пристигнуваат до пролет”, додал Ван-Там, повикувајќи ги сите приоритетни групи да го прифатат повикот за вакцинација, велејќи дека успехот на програмата за имунизација и укинувањето на ограничувањата зависи од соработката со граѓаните, пишува Си-Ен-Ен.

„Не можам да ви дадам неколку магични броеви затоа што сето тоа зависи од тоа колку брзо се воведува вакцината и колку граѓани реагираат на програмата за вакцинација. Ако се вакцинираат само 10% од граѓаните, вакцината, колку и да е совршена, нема да има некој голем ефект“, изјавил Ван-Там.

Тој рече дека постојат одредени предизвици околу чувањето на оваа вакцина, бидејќи таа мора да се чува на -70 степени Целзиусови. Тој додаде дека „се надева“ дека вакцината Астра Зенека-Оксфорд би можела да биде готова до Божиќ.

Слични содржини