Филипче: Се зголемуваат капацитетите, тестовите ќе бидат бесплатни за граѓаните

од Берта Китинска
196 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се зголемуваат капацитетите за тестирање.

-Ги зголемуваме капацитетите за тестирање. Од следната недела, во поликлиниката Шуто Оризари почнува со работа нов пункт за брзи тестови за ковид-19. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини од понеделник, а тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена. Тестовите ќе бидат бесплатни за граѓаните, вели Филипче.

Слични содржини