Координативното тело на состанок со Филипче: Како ќе тече вакцинацијата?

336 прегледи

Денес координативното за вакцини против Ковид 19 преку КОВАКС механизимот, ќе има состаноок со министерот за здравство, Венко Филипче.

На овој состанок ќе биде разгледана стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид-19.

Исто така, ќе се разговара и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација.

Во изминативе денови се забележува благ пад на новозаразените. Во претходното деноноќие, од направени 3399 тестирања беа регистрирани 1342 нови случаи на коронавирусот, починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти.

Од активните случаи најмногу се во Скопје – 10477, Прилеп – 1031, Гостивар – 996, Тетово – 974, Битола – 942, Куманово – 886. Во другите градови има помалку од 800.

Инаку, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера изјави дека директорите на болниците бараат засилено обезбедување.

„Имаме побарувачка од директорите на болниците да го зголемиме бројот на припадници на Армијата зашто луѓето се чувствуваат побезбедно кога има војска“, посочи Ангелов.

Ангелов вели и дека Главниот кризен штаб постојано заседава и е подготвен да реагира во секој момент, доколку има потреба. Припадниците на безбедносните сили може да се соберат за половина до максимум еден час.

Ангелов, исто така, соопшти дека потенцијален ризик за ширење на заразата се и мигрантите.

„Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен КОВИД-19, затоа што тие таму немаат никакви услови, посебно нехигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивниот трансфер, влез и движење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на КОВИД“, истакна Ангелов.

Директорот на ЦУК, истакна дека нашите војници освен што го обезбедуваат здравствените капацитети како поддршка на полицијата, истовремено се распоредени и на јужната и северната граница.

Слични содржини