768
Во Белград утринава околу 10 часот имаше експлозија, во која загина едно, а повредени се две лица.
Српски „Блиц“ информира дека експлозијата била пред зградата на РТС, каде се работело на инсталација на самаа Абердарева улица.
Точната причина за експлозијата се уште не е позната, но по првичните информации се алудира на експлозија поради боца за заварување.
Од РТС пак, информираат дека има работници кои се повредени, од кои едниот со полесни, другиот со потешки повреди.
Како штета по ескплозијата се наведени уништени службени возила, како и прозорци на зградата.