Силна детонација одекна во центарот на Белград, на улицата Абердарова, утрово околу 9,45 часот.
Според првите информации, станува збор за детонацијата, предизвикана од експлозија на три боци за заварување од каде искра запалила истечен гас, Еден работник од фирмата „Енинг енергетика“ е загина, додека двајца се повредени и пренесени во Ургентниот центар.
„Се се тресеше, семафорот се движеше, имав впечаток дека сум глув во моментот. Истрчав надвор и видов како трчаат работници. Скршени стаклени срчи имаше насекаде. Слушнав дека повредите на тие работници се толку големи што се скоро непрепознатливи “, изајви очевидец работникот.
Голем број новинарски екипи, пожарникари, полиција и амбуланти се на лице место, а блокиран е и делот од градот околу РТС.