Комисијата за заразни болести не предложила починатите од коронавирус да се погребуваат во лимени ковчези

од Nikola Popovski
348 прегледи

Се уште не се знае дали некој ќе сноси одговорност за тоа што на семејствата на починатите од КОВИД им беше наложувано да ги погребуваат своите најблиски во лимени ковчези, со што им беа наплаќани дополнителни трошоци.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека никогаш немало протоколи или пак некаква препорака од Комисијата за заразни болести за погребувањето на починатите од коронавирус да биде во лимени ковчези.

„Ги разгледуваме сите протоколи, имавме дискусија во Комисијата за заразни болести, во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано или било препорачано дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег. Таму стојат некои препораки и протоколи во однос на дезинфекцијата и слично, но никогаш такви дека починатите треба да се погребаат во лимени ковчези“, изјави Филипче.

Од Алијанса за Албанците бараат одговорност и отчет од страна на Министерот Филипче, за оваа како што велат скандалозна измама  и кражба на граѓаните.

Слични содржини