Починаа 30 пациенти од коронавирус

од Nikola Popovski
423 прегледи

Според последното соопштение на Министерството за здравство, во последните 24 часа од коронавирус се починати 30 лица.

По градови билансот е дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г)  и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.

Од почетокот на пандемијата, бројката на починати е 1877.

Слични содржини