Петковски: Во Мешовитата комисија треба да има европски политичари, за да нема пристрасност

од Nikola Popovski
342 прегледи

Претседателот на НСДП, Тито Петковски смета дека има направено грешка кога е дозволено да има Мешовита комисија меѓу македонските и бугарските историчари.

„Не е доцна да се инсистира во Комисијата да бидат вклучени еминентни европски историчари кои одлично ги познаваат историските архиви. За да се задоволат двете страни и да нема пристрасност, добро е да се ангажираат историчари од надвор. Сепак, знам дека Бугарија тоа не сака да го чуе. Не може да се тргне напред ако се знае дека претседавачот на Бугарската комисија е човек кој што беше амбасадор во Македонија. Тој пред се е политичар и дипломат, а многу помалку историчар“, тврди Петковски, додавајќи дека од Мешовитата комисија треба да излезат на терен и да ги отворат европските архиви.

Слични содржини