Се поставува модуларната болница во Гевгелија

од Vladimir Zorba
223 прегледи

Денеска започна поставувањето на модуларната болница во Гевгелија, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во Струмица, Куманово, Струга и Кичево.

Во сите општини забрзано се работи на активностите за реализација на проектот. Интензивно се работи на подготовки на терен, се расчистуваат локациите, локалните јавни претпријатија обезбедуваат приклучоци, стручните служби на единиците на локална самоуправа даваат максимална поддршка за што поскора реализација на проектот од Светската банка, информира Министерството за здравство (МЗ).

-Генерално, активностите во сите општини течат согласно утврдениот план и динамика. Општината Битола и јавните претпријатија го уредуваат просторот и го подготвуваат теренот за поставување на три модуларни болници со капацитет од 100 болнички кревети и три тријажни центри. Во моментов, во Битола се бетонираат бетонските подлоги за поставување на модуларните болници, велат од Министерството.

Ја поставуваме модуларната болница во Гевгелија, забрзано работиме на проектот од Светска банка во сите 16 општини….

Posted by Венко Филипче on Saturday, December 5, 2020

Слични содржини