„На здравствените работници повеќе од било кога им е потребна поддршката од граѓаните. Иклучително е важно, а и потребно секој еден од нас доследно да ги почитува мерките за заштита, ние како Општина којашто се грижи, имаме обврска да создадеме услови за тоа“, вели Сашко Николов, кандидат за градоначалник на општина Штип.
„Како иден градоначалник на општина Штип се обврзувам да направам се за да го заштитам јавното здравје и сите капацитети на општината да бидат ставени во функција на борбата против коронавирусот. Ќе иницирам основање фонд преку кој ќе обезбедиме бесплатни заштитни маски за сите штипјани, за полесно справување додека трае кризата со КОВИД-19 и ќе апелирам до сите компании, граѓани и донатори да учествуваат со свој придонес во оваа наша заедничка цел“, посочи тој.