Филипче за ВМРО-ДПМНЕ: Заев им е во потсвест, се будат и заспиваат со неговото име

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче вечерва од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните, а во врска со однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е апсолутно нерационално и апсурдно да организираат протести на кои не ги почитуваат мерките за заштита, а не одат на избори, наводно поради пандемијата.

– Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче, нагласувајќи дека во брза динамика ќе се реализира нивно поставување.

Слични содржини