Доктор Оливера Зарковска е специјалист интернист која работи во поликлиника во Шуто Оризари. Со почетокот на пандемијата таа се пријави како волонтер и за време на викендите покрива дежурства во КОВИД центарот на Гастро и Нефрологија.
Апелира да се внимава зошто факт е дена умираат и млади и стари. Вакво нешто, вели, нема видено, а вирусот е монструм.
Претседателот Стево Пендаровски по повод одбележувањето на 5 Декември-Меѓународниот ден на волонтерството, разговараше со волонтери од различни региони и организации од Република Северна Македонија, меѓу кои и д-р Зарковска,чие потресно сведоштво го сподели.