МВР: 136 санкционирани возачи во Центар

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Центар изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои 20 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 санкции за некористење сигурносен појас, 7 мерки за користење мобилен телефон, соопштија оттаму.

Засилени контроли имало и во Тетово и Гостивар, откако се откриени 26 нерегистрирани возила, од кои 18 возеле без возачка дозвола.

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на двата града, при што санкционирани се 203 возачи.