Легализацијата на канабисот го добива својот моментум во многу делови од светот. Светските економски списанија објавуваат дека глобаланиот пазар на канабисот во 2018 година бил проценет на 10,6 милијарди долари, а се проценува дека до 2026 година ќе достигне 97,3 милијарди долари. Ако се следат овие бројки тогаш идејата на Зоран Заев за легализација и декриминализација е револуционерна. Тој сака да го следиме примерот на светките и европските понапредните држави, а да бидеме лидери во регионот, што на долг рок исто така би имало позитивни ефекти, пишува порталот „Нова ТВ“.
Во текстот се наведува дека користењето на канабисот датира од пред илјадници години, од кога се препознале неговите медицински придобивки. Историски е добро документиурано социјалното конзумирање на канабисот. Еден од најголмите аргументи во полза на канабисот е неговата спроедба со многу поштетните супстанци, како што се тутунот и алкохолот. Голем број научни истражувања ги потврдиле понесаканите дејствија и последици врз здравјето Искуствата покажуваат дека трошоците на државите се големи поради гонење на кривични дела со канабис, дури и на оние кои ја поседуваат за лична употреба, а со легализацијата државата ги зголемува своите буџетски приходи, а полицијата може да се посвети на посериозни форми на криминал. Исто така во земјите каде што легализацијата е целосно применета се подобрени и стандардите на одлгедување и квалитетот, а државата има поголемна контрола врз црниот пазар. Сите овие фактори одат во прилоог на растење на индустријата на канабис во светот.
Во моментов северно- американскиот пазар е водечки регион по легализација, но се очекува во следните години европскиот пазар да доживее најбрз раст. Fortine business insights, кој ги истражуваат глобалните пазари, забележува дека легализацијата на канабис за рекретивна употреба во САД започнала во 2012 година кога Колорадо и Вашингтон ги презеле првите чекори. До 2019 година, вкупно 11 држави во САД и еден дистрикт го леализираа канабисот за рекретивна употреба.. Во САД сите држави го препознаат канабисот како форма на терапија и надминување на одредени здравствени состојби. Од неодамна и Канада се смета за земја знаменосец и има водечка улога во глобалната легализација на марихуаната. Само во една година, во 2018 –та, пазарот со канабис во Севрна Америка и Канада вредел 10,1 милијарди долари. Во Колорадо три проценти од буџетот се од производството и продажбата на канабисот. Парите одат во образовниот и здравствениот систем, како и за програми за превенција од дрога.
Во Северна Македонија, како и во голем број други држави во светот е легализирана медицинската употреба на марихуаната. Во неодамнешна изјава Заев излезе со проценка од 250 милиони евра кои државата може да ги заработува само од извозот на масло и на суштен цвет од канабис. Дополнително, милиони евра може да заработува државата од домашното легализирање на марихуаната, односно дозвола за најзина употреба на туристичките места и во Скопје, во одредени локали кои ќе платат лиценца. Ако се погледнат примерите во Европа и во Америка, тогаш значителен е пораснат бројот на турсти, а во многу истражувања со туризмот е потврдено дека 25 до 30 отсто од странските гости наведуваат дека ја посетуваат земјата само затоа што канабисот е легален.