Димитриевски: Бучковски нема да даде соодветен придонес во разрешување на спорот

од Nikola Popovski
456 прегледи

„Направен е голем лапсус од Владата со назначувањето на професорот Бучковски, бидејќи требало да се види неговото интервју за ТВ Европа. Сметам дека тој нема да може да даде соодветен допринос во развојот и разрешување на овие наметнати проблеми. Овде нема простор за додворување“, изјави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за дневникот на ТВ Сител.

Тој вели дека нема простор за преговори за идентитет, ниту пак за Гоце Делчев кој се родил живеел и се борел за Македонија.

„Не е вистина дека македонскиот народ потекнува од 1944 година. Единствено што му останува на Македонецот во овој момент се фактите и достоинството што нас не одржало со децении и векови наназад“, потенцира Димитриевски.

Прашан за потегот на Црвенковски и неговото неодамнешно соопштение, тој смета дека тоа е разбирливо.

„Црвенковски може да се откаже од се, само не од Македонија и СДСМ, рече Димитриевски.

Слични содржини