Бугарски историчар: Заев и Пендаровски покажуваат добра волја кон решавање на спорот

од Nikola Popovski
449 прегледи

Бугарскиот професор по историја, Пламен Павлов смета Бугарија се уште не ја блокирала Македонија.

„Ние само кажавме работи што требаше да бидат кажани многу одамна. Не станува збор само за бугарската дипломатија и за бугарската влада. Всушност, нашата страна повторно ја прогласи оваа добра волја, што Бугарија и ‘го покажа на Република Северна Македонија од нејзиното раѓање на политичката мапа на светот, како прва земја што ја призна државата. Значи, во никој случај не ја прифаќам оваа стигматизација на Бугарија, особено во македонските медиуми, каде што говорот на омраза продолжува“, вели професорот во интервју за бугарски „Стандард“.

Тој истакнува дека ги разбира лидерите во Македонија во моментов, особено Зоран Заев и Стево Пендаровски, кои според него, навистина се луѓе кои покажуваат добра волја кон Бугарија.

„Ова не може да се каже со сигурност за режимот на Груевски. Но, не можам да прифатам да се откажеме од сопствената историја и идентитет во име на признавање на нечии илузорни права. Ние не ги негираме. Дури и кога Бугарија ја призна Република Македонија, никој не го негираше нејзиното право на државност и сопствениот пат на развој“, посочува Павлов.

На новинарско прашање, дали мисли дека Брисел ја разбира суштината на спорот меѓу Бугарија и С. Македонија, Павлов вели дека очигледно е дека Брисел не разбира.

„Светот не нè разбира. Многу е популарно да се даваат примери со Германија и Австрија, Молдавија и Романија, Кипар и Грција. Па, оваа споредба е уште повеќе во наша корист. Во Австрија никој нема да каже дека тој не е Австриец, но нема да каже ниту дека неговиот јазик не е германски. Ако го направи тоа, во најдобар случај ќе предизвика сожалување кај оние околу него. Тука дури се негира дека јазикот е создаден врз основа на бугарски јазик. Тоа е, категоричното антибугарско чувство, создадено од српската пропаганда пред сто години, а потоа понатаму развиено од Титова Југославија и конечно во пост-југословенскиот период. Многу грди квалификации беа напишани од шефот на македонската новинска агенција. И, фала му на Бога, тој беше отпуштен, бидејќи таков јазик на омраза во Бугарија не може да се толерира. Ние, како европска земја и најблиска поврзана земја, сме должни да помогнеме во нормализирање на работите во Македонија“, потенцирал професорот.

Слични содржини