Никола Јокиќ, најдобриот српски кошаркар, ги презентирал персонализираните патики на тренингот на Денвер Нагетс, со логото „џокер“, што е негов прекар, а воедно и заштитен знак во НБА лигата.
Јокиќ воопшто не се експонирал, само истрчал на подот и го одработил тренингот, но има и такви кои не ги пропуштиле тие детали.
Наскоро, персонализираните патики на Никола завршија на социјалните мрежи.
„Дефинитивно е ново. И сериозно добро, врвно лого. Џокер направен од буквите N и J, со, се разбира, број 15, и сè е соодветно на НБА суперѕвездата, која Јокиќ е веќе подолго време“, пишува на твитот, придружуван, секако, од фотографија на „џокерките“, која заврши на официјалната страница на Денвер на Твитер.
🃏🃏🃏 pic.twitter.com/Q4K5u400Tq
— Denver Nuggets (@nuggets) December 6, 2020
Засега нема информации дали некој специјално ги дизајнирал овие патики за српскиот репрезентативец кој прави има забележителни настапи и резултати најсилната лига во светот, или дали Јокиќ, како и многу други асови на НБА, конечно ја добил својата линија патики од компанијата Најк.