Нова линија бескаматни кредити: Минималниот износ ќе биде 3.000, а максималниот 5.000 евра

од Берта Китинска
510 прегледи

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција изајви дека преку механизмот EU4Resiliance од ИПА програмата обезбедни се  30 милиони евра за реализација на оваа трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3.

На јавниот повик може да аплицираат сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од коронавирусот, а може да се измери преку падот на приходите.

„Во оваа трета кредитна линија, на барање на Занаетчиските комори, првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите кои имаат пад на своите приходи најмалку 20%, да можат да понесат кредитно барање за кредит со 0% камата.Оваa мерка е континуитет на претходните две кредитни линии Ковид 1 и Ковид 2, со кои беа обезбедени бескаматни кредити во вредност од 13,5 милиони евра, за 1.376 компании, за зачувување на близу 18.000 работни места во овие компании, изјави Битиќи.

Директорот на развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов, ги презентираше сите детали на јавниот повик при што посочи дека кредитите ќе бидат без камата, со три години рок на отплата и вклучен грејс период до шест месеци, а ќе може да се користат за набавка на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал на субјектите.

„Минимален износ на кредит за кој ќе може да се поднесе барање е 3.000 евра, а максималниот износ изнесува 5.000 евра за трговец поединец и занаетчија; и 15.000 евра за микро и мали трговски друштва. Објавата на Јавниот повик ја правиме денес, а почетокот за доставување кредитни барања за Ковид 3 е на 16 декември од 00 часот и 01 минута на полноќ. Кредитни барања ќе може да се доставуваат сè до 30 декември до 23 часот и 59 минути, односно повикот трае вкупно 15 дена. Пристигнатите кредитни барања ќе се обработуваат по завршување на јавниот повик, хронолошки, по принципот ,,прв дојден, прв услужен”, појасни директорот Наумов.

Аплицирањето ќе биде исклучиво електронски на е-маил адресата [email protected].

Слични содржини