Преку Ковакс механизмот ќе обезбедиме 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани, вели Филипче

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Со измена на програмата за имунизација сме чекор поблиску до Ковид вакцината. На денешната владина седница поднесовме измени и дополнувања на Програмата за задолжителна имунизација на населението за 2020 година, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Предвидуваме измени во делот за финансиски, средства како една од обрвските преземени со договорот со ГАВИ за влез во Ковакс механизмот. Средствата се веќе обезбедени со последниот ребаланс на буџетот.

Преку Ковакс механизмот ќе обезбедиме 833.000 вакцини за околу 400.000 граѓани. Ковид вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани и нема да е задолжителна, додава тој.

Слични содржини